| |

Со изложба во Берковица ќе биде одбележана 19-годишнината од смртта на писателот Јордан Радичков

Со изложба на 19 јануари во Куќата музеј „Иван Вазов“ во Берковица Р. Бугарија, ќе биде одбележана 19-годишнината од смртта на писателот Јордан Радичков, кој почина на 21 јануари 2004 година, соопшти локалната општина.

Ќе бидат прикажани фотографии од споменици на Радичков во различни населени места во Бугарија, од училишта, плоштади и улици кои го носат неговото име, ќе има документи и фотографии од неговиот живот, како и негови книги. Изложбата ќе биде претставена од Државниот архив – Монтана.

Јордан Радичков е роден во селото Калиманица блиску до Берковица, кое денес не постои, бидејќи останало на дното на браната „Огоста“ при нејзината изградба пред околу 40 години. Радичков учел во гимназијата во Берковица и во текот на животот секогаш изјавувал дека инспирација за своето творештво добивал од „прекрасниот бугарски северозапад“.

Во Берковица има неконвенционален споменик на Радичков, наречен „Дрвото на животот“. Станува збор за дрво на кое се извајани сцени од раскази на Јордан Радичков.



Слични Објави