| |

Радев од Пловдив: Само кога сме биле единствени сме опстанувале и сме победувале

На денешниот празник Соединение нека се потсетиме дека само кога сме биле единствени сме опстанувале и сме победувале. Ова го изјави претседателот на Бугарија Румен Радев во својот говор по повод Националниот празник на Република Бугарија Соединението на Кнежеството Бугарија со Источна Румелија. Централната прослава се одржува во градот Пловдив.

„Во септември 1885 г. на седмата година од своето ослободување, народот ги отфрли наметнатите граници од страна на Големите сили и го прогласи Соединението на Кнежеството Бугарија со Источна Румелија. Овој дрзок, но добро премислен акт, на нашите претци е пример за историска одговорност и творештво, затоа што дејците на Соединението створија историја без пролеване на крв. Остварувајќи ги соништата на милиони Бугари, тие ја отворија вратата на невиден дотогаш материјален и духовен напредок, кој за жал траел краток временски период, но го докажал нашиот потенцијал како народ и ја претвори Бугарија во фактор на Балканот.“, изјави Радев.

Во својот говор, Радев ги спомна и луѓето што беа погодени од поплавите што ги зафатија селата во близина на градот Карлово.

„Само на неколку километри од овде, неколку илјади наши сонародници се во тешка ситуација, бидејќи ги загубија своите домови и своjaта егзистенција во поплавите“, изјави Радев.

Претседателот истакна дека во премрежјата ќе опстанат само оние држави и народи, кои ќе ја сфатат својата заедничка судбина и ќе отфрлат заблудите на егоизмот.

„На празникот на Соединението да се потсетиме дека само кога сме биле единствени сме опстанувале и сме победувале. Нашата сила како народ зависи од сите нас! Секој Бугарин треба да ја чувствува поддршката на државата поддршката на сите останати. Поклон пред дејците на бугарското Соединение“, изјави Радев.



Слични Објави