ЕТМТ Енерџи најголем купувач на вишок струја од ЕСМ
АД ЕСМ ги продава вишоците на струја , а најмногу годинава купувала ЕТМТ Енерџи, која е формирана лани во март, а нејзин сопственик е фирма од Албанија. ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека се оштетени граѓаните и државата. Од продажбата на струја до септември АД ЕСМ наплатила над 6 милиони евра.
ЕТМТ Енерџи е фирмата која годинава најмногу купувала вишоци на струја кои ги продава АД Електрани на Северна Македонија- ЕСМ. Според документацијата достапна на интернет страницата на АД ЕСМ, продажба на вишок струја се вршела речиси во сите месеци освен јануари и април. ЕТМТ Енерџи за тоа време купила вкупно 17 990 мегавати струја. За разлика од останатите фирми кои заедно годинава купиле вишок на струја од 11 300 мегавати, целиот напис можете да го видите овде.
Извор: slobodnaevropa.mk
