| |

Градоначалник на општина во Софија откажа средба со амбасадорката на РС Македонија во Бугарија заради антибугарските пројави во земјата

На неодредено време ја откажав првата протоколарна средба закажана за петок меѓу мене и амбасадорката на Северна Македонија, чија амбасада се наоѓа на територијата на регионот „Изгрев“.

Сметам дека настаните од последните недели, кои го шокираа нашето општество со уште една пројава на агресија и суровост кон бугарски државјанин, а исто така и повикувањето на нашиот амбасадор во Скопје на консултации, претставуваат објективна пречка за посетата на г-ѓа Поповска на регионалната администрација. Ова на својот Фејсбук профил го објави д-р Делјан Георгиев, градоначалник на софиската општина „Изгрев“.

Како потомок на бегалци од Егејска Македонија и Тесалија, сите со бугарска самосвест и протерани од своите домови од андартите и грчките трупи, ја изразувам мојата искрена огорченост од агресијата кон македонските Бугари и посегнувањата врз бугарските културни и информативни центри кај нашиот југозападен сосед.

Европскиот пат на РСМ минува низ европските вредности и целосно негирање на антибугарската реторика и политики својствени за србоманските влади во Скопје од минатиот век.

Нашите заеднички корени, вера и јазик треба да бидат обединувачка платформа, а не жртва на негирање, историски фалсификати и погрешно всадување омраза, наведува д-р Георгиев.

Европа е континент на различности, толеранција и култура, а не засолниште на шовинизам и античовечки чувства. Ако нема разбирање дека Европската Унија е пред се духовен, идеолошки простор, тогаш патот на Скопје до Брисел ќе се покаже како невозможен.

Бугарија во овој момент мора да има цврста и непоколеблива позиција и политика во одбрана на нашите сонародници крај Вардарот. Немаме право да ги напуштиме и да ги предадеме во име на некаков „псевдомир“, притиснат од надворешни политички „фактори“, коментира д-р Георгиев.

Слични Објави