| |

Фестивалот „Од Добруџа до Пирин“ обединува три врвни бугарски фолклорни ансамбли

Фолклорниот фестивал „Од Добруџа до Пирин“ ќе се одржи на 24, 25 и 26 февруари во сала „Пејо Јаворов“ во Благоевград со почеток од 19:00 часот, јавува Пиринско. Настанот обединува три професионални ансамбли од различни етнографски области на Бугарија – Добруџа, Северна фолклорна област и Пиринскиот крај, со цел да ја поврзе традицијата преку музика и танц.

На 24 февруари ќе настапи Ансамбл „Добруџа“ – Добрич, кој го негува и промовира фолклорното наследство на Добруџа.

Втората вечер, на 25 февруари, е резервирана за Северњашкиот ансамбл за народни песни и танци „Иван В’лев“ – Плевен, препознатлив претставник на традицијата од регионот меѓу Дунав и Стара Планина.

Фестивалот ќе го затвори Ансамбл „Пирин“ – Благоевград на 26 февруари, еден од најпознатите бугарски фолклорни ансамбли и меѓународен промотор на народната уметност.

Влезот е слободен до исполнување на капацитетот на салата.

Слични Објави