| |

ФЕТАИ ПОБАРА МАКСИМАЛНИ КАЗНИ ЗА ОБВИНЕТИТЕ ВО „МОНСТРУМ“

По пет часа на завршниот збор за случајот „Монструм”, обвинителката Фатиме Фетаи, побара максимални казни за обвинетите Халил Демири и браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, обвинети за кривичното дело „тероризам”, односно директно извршување на петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. За обвинетиот Фејзи Азири, пак, обвинителката Фетаи побара од Судот тој да биде прогласен за виновен за две кривични дела помагање на сторител во извршено кривично. За исти кривични дела, како Фејзи Азири, обвинет е и Хаки Азири. Во недостиг на докази дека го извршил кривичното дело „тероризам” од обвинение е ослободен Сами Лута, јавува Независен.

– Предлагам обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ да бидат прогласени за виновни за кривично дело тероризам од член 349б став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинетиот Фејзи Азири да биде прогласен за виновен за две кривични дела помагање на сторител во извршено кривично дело по член 365 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а обвинетиот Хаки Азири за две кривични дела помагање на сторител во извршено кривично дело по член 365 став 2 во врска став 1 од Кривичниот законик, изјави Фетаи.

Слични Објави