Д-Р ПАНЧЕВ ЗА МАГАЗИНОТ „ШЕНЈА“: НЕМА ВЛЕЗ ВО ЕУ ДОДЕКА СКОПЈЕ ЈА НЕГУВА ТАА АПСУРДНА ИДЕОЛОГИЈА
„Бугарија има право да ги користи сите легитимни инструменти базирани врз правото не ЕУ за да ги штити своите интереси. Основните принципи на ЕУ се добрососедството, борбата со дезинформацијата, осудата на комунизмот. Точното спроведување на договорите е основен принцип во меѓународното право. Тие принципи се воспоставени во неколку резолуции и други документи, додека основните бугарски барања се наоѓаат во Договорот за добрососедство меѓу нашите две држави. С. Македонија ги нарушува систематски тие принципи и не може да стане дел од ЕУ со апсурдната идеологија која има за темел омразата и крадењето на историја. И најважното Р.С Македонија е последната држава во Европа со расистичка идеологија и пропаганда. За жал тоа е официјалната политика на таа држава. Идеологијата на македонизмот е изградена врз разни стереотипи и омраза кон бугарскиот етнос. Тоа се гледа јасно од учебниците и некои декларации на политичари, новинари, од Северна Македонија. Се прават директни обиди за диференцијација на Бугарите и Македонците врз основ на расни белези. Да се основа идеологија врз расни белези е во потполна противречност со научните принципи и со европските вредности. Уште повеќе се настојува дека „татаро-монголите“ се на пониско културно и расно ниво од „белата раса““, изјави членот на македонскиот Научен институт од Софија, д-р Антон Панчев, во опширно интервју за магазинот „Шенја“.
Бугарскиот историчар тврди дека ниту официјалната бугарска држава ниту бугарските научници не ја негираат појавата на македонскиот идентитет, но додава дека во истиот тој идентитет константен елемент се анти-бугаризмот и анти-албанизмот.
Целото интервју на бугарскиот историчар можете да го прочитате овде.