ФИЛИПЧЕ: ОД УТРЕ ПОЧНУВА ЛЕКУВАЊЕТО НА ПАЦИЕНТИ СО КРВНА ПЛАЗМА
Лекувањето на пациенти заболени со коронавирус со крвна плазма и озонотерапија ќе почне од утре во Градската болница „8 Септември“, изјави денеска министерот за здравство Венко филипче.
„Дури и со овие два начини на лекување и со крвната плазма која што почнува практично од утре, за првпат ќе се земе таа плазма од еден пациент којшто е утврдено дека е во фаза во која што има антитела што можат да се дадат на пациент и озонотерапијата со оној апарат којшто го има кај нас ќе почне во болницата „8 Септември“. Има соодветни индикации, не може кај било кого да се аплицира“, рече Филипче.
Министерот рече дека сепак, точната терапија за лекување на болните од овој вирус во светски рамки допрва ќе се утврдува и дека ние како земја сме дел од студијата со повеќе земји во светот во која ќе се утврдуваат еден од четирите начини со коишто оваа болест ќе се лекува со соодветна терапија и со соодветен пристап.