|

Филипче: Повеќе нема пациент со карцином на дојка за кој не е обезбедена најквалитетна и бесплатна терапија

Министерот за здравство Венко Филипче, учествуваше на XIV Национална конференција за рак на дојка, за одбележување на месецот за борба против оваа болест. Тој истакна дека со решавањето на долгогодишниот проблем со паралелниот увоз на лекови, сега сите пациенти со малигни заболувања се сигурни дека примаат оригинална терапија и терапија при чие транспортирање се запазени сите мерки на добра дистрибутивна пракса (ладен ланец и сл.).

„ Во изминатите четири години овозможивме широка достапност на иновативна терапија според високите стандарди на земјите од Европската Унија. Над триесет нови молекули кои во моментов не се на позитивната листа на лекови, станaa достапни за граѓаните на кои им е неопходен третман, пред се за пациенти со тешки хронични и онколошки заболувања. Во делот на онкологија стана достапна биолошка терапија за цервикален канцер и оваријален канцер, како и за канцер на дојка, бели дробови, колоректален канцер, меланом и др. Сега, повеќе нема пациент со карцином на дојка за кој не е обезбедена најквалитетна, иновативна биолошка терапија и можност за скрининг во повеќе центри низ земјата. Пациентите имаат можност да се третираат според најновите препораки на Европската асоцијација на медицински онколози од 2021 година, што е голем напредок“ рече Филипче.

Министерот за здравство истакна дека е набавена иновативна терапија за ХЕР2 позитивен карцином на дојка, за рана и метеастатска болест. Оваа терапија, како што објасни тој, им дава најдобра шанса за излекување и долготрајна ремисија на над 200 пациенти кои ја имаат оваа многу агресивна форма на рак на дојка.

Извор: Темите

Слични Објави