| |

ФИЛИПЧЕ СО СТУДЕНТИТЕ ПО МЕДИЦИНА: СПРЕМНИ ДА ПОМОГНАТ

Во борбата со КОВИД-19 мора да учествуваме сите за да победиме, па така, нашите студенти по медицина од 6-та година активно се вклучуваат во први редови. Тие од денес ќе им помагаат на епидемиолозите во Центрите за јавно здравје за правење на епидемиолошките анкети. Бројката на нови заразени од ковид-19 е во голем раст изминатиов период.

Министерот за здравство, Венко Филипче, објави фотографии на кои најави дека студентите од 6-та година на медицина почнуваат да се вклучуваат во борбата против најголемиот непријател на 2020-та.

На социјалните мрежи тој објави фотка со студентите и напиша:

Спремни да помагаат! Утрово се сретнав со студентите по општа медицина кои ќе помагаат во битката со Ковид-19. Тие се свесни и ја препознаваат својата важна општествена улога во моменти на криза. Нивниот придонес е многу значаен, им посакувам успешна работа.



Слични Објави