ФИЛИПЧЕ ВЕТИ 4 МОДУЛАРНИ БОЛНИЦИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА-ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ ЌЕ СЕ ГРАДАТ

Четири модуларни болници до крајот на годинава ќе добијат Куманово, Струмица, Гевгелија и Струга каде ситуацијата е приоритетна за зголемување на болничките капацитети за лекување на пациентите од Ковид-19, изјави министерот за здравство Венко Филипче денеска во Прилеп каде се проценуваше епидемиолошкјата состојба во градот и е констатирано дека досегашните мерки се доволни за справување со ситуацијата, а болницата одлично функционира.

loading...

Според Филипче монтирањето на модуларните болници почнува овој месец, а треба да заврши до крајот на годинава. Приоритет имаат Куманово и Струмица, а потоа и Гевгелија и Струга.


loading...