МИЦКОСКИ ГИ ПОВИКА ПОЛИТИЧАРИТЕ ОД БУГАРИЈА ДА ДОЈДАТ ДА СЕ ПОКЛОНАТ ПРЕД КОМУНИСТИЧКИОТ СПОМЕНИК КАЈ ВЛАДАТА НА МАКЕДОНИЈА
На денешниот протест пред Владата на РМ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати порака до политичарите во соседна Бугарија.
„Првата порака е до политичарите кај нашиот источен сосед. Ако мислите дека измисливте, пронајдовте или подржавте квинслинг или квинслиншка влада овде во Македонија, се лажете, ниту тој квинслинг, ниту оваа квинслиншка влада од нашата колективна меморија и од нашите срца ќе ја избрише улогата, ликот и делото на Даме, на Гоце, на Питу, на Хаџи Арсов, на Хаџи Николов, на Поп Арсов затоа што тие се бореа за нова современа македонска држава“, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека политичарите од Бугарија наместо да велат дека Мицкоски предводи анти-бугарска хистерија во Република Македонија, најдобро би било да дојдат овде при првата посета недалеку од зградата на Владата, пред споменикот на паднатите борци од народноослободителната борба, да клекнат, да го следат примерот на Вили Бранд и да се извинат на македонскиот народ на тоа што им го направиле.
