Финална подготовка на изложбата „Национално/локално“ пред официјалното отворање во БКИЦ-Скопје
Во тек е финалната подготовка на изложбата „Национално/локално“, која вклучува дела од колекцијата на Уметничката галерија – Казанл’к (Art Gallery – Kazanlak), создадени од автори од различни генерации, јавува БКИЦ-Скопје.
Куратори на изложбата се д-р Пламен Петров и Катја Христова.
Официјалното отворање ќе се одржи утре 22 јануари 2026 година, со почеток во 18:00 часот, во галеријата на Бугарскиот културно-информациски центар во Скопје.
Изложбата „Национално/локално“ претставува селекција од уметнички дела од колекцијата на галеријата во Казанл’к и ќе биде достапна за посетителите по официјалното отворање во просториите на културниот центар.

