| |

ФИРМАТА „ДРИМ БИЛДИНГ“ НЕ МУ ПЛАТИЛА РЕКЕТ НА БОКИ 13 ЗА ДА УРГИРА КАЈ КАТИЦА ЈАНЕВА

Адријан Амзоски и фирмата „Дрим Билдинг“ од Струга демантира дека на Бојан Јовановски – Боки 13 му платил 261.853 евра за да специјалната обвинителка Катица Јанева му го повлече обвинението, соопшти Амзоски, јавува Плусинфо.

– Најостро ги отфрламе шпекулациите дека Адријан Амзоски му платил 261.853 евра на Боки 13 за К.Јанева да му го повлече обвинението. Овие шпекулации се појавија во медиумите, по барање за изземање на Катица Јанева, поднесено од поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, во кривичната постапка каде тој е еден од обвинетите за незаконско рушење на објектот Космос, се вели во соопштението.

Слични Објави