Фон дер Лајен му честиташе на Радев: Заедно одиме напред за Бугарија и Европа
Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, му честиташе на Румен Радев по неговиот избор за нов премиер на Бугарија, јавува БГНЕС.
Таа истакна дека во услови на „длабоки геополитички промени“, Бугарија и Европска Унија имаат силна заедничка агенда за соработка.
„Од безбедноста и одбраната до работните места, конкурентноста и енергетската независност. Заедно одиме напред, за Бугарија и за Европа“, изјави Фон дер Лајен.

