(Фото) Кареви, Велјанови и Секулови во јули 1909 г. донираат пари за изградбата на бугарското училиште во Крушево
„Крушовската епископија, заедно со специјално избраната осумчлена комисија за изградба на новото бугарско училиште во познатиот историски град Крушово во 1903 година, срдечно им се заблагодарува на добродетелите: Јанаки Степанов Карев, кој живее во Софија – за 15 наполеони, на г-дин Димитар Г. Велјанов, кој живее во Солун – за килибар 10 л., на г-н Крсте (Ставре) Веле Секулов заедно со мајка му и неговата сопруга за подарените 10 наполеони за изградба на оваа неодамна започната градба – светилник за основно образование- народното училиште;
Чест и пофалби за ваквите великодушни патриоти: Се надеваме дека нивниот пример наскоро ќе го следат и другите чувствителни Бугари…“

Во јули 1909 г., видните крушевчани Јанаки Степанов Карев (татко на Никола Карев), Димитар Г. Велјанов (Шумкова завера; деец на ВМОРО; татко на Крсто Велјанов и Ставре Веле Секулов донираат пари за изградбата на новото бугарско училище во Крушево.

Весникот „Отечество“ е орган на десницата во ВМОРО – Сојузот на бугарските конституциони клубови. Излегувал во 1909 година во Солун со уредник Евтим Спространов од Охрид и помошници уредници Тома Карајовов од Скопје, Данаил Крапчев од Прилеп и Матеј Геров од Тетово.
Извор: Библиотека Струмски

