(Фото) Методи Димов- Габеро: Да бидеш Бугарин е гордост, да го негираш тоа е подлост
Во знак на почит кон Методи Димов-Габеро (1938-2004) ја објавуваме фотографијата од неговото спомен-обележје во градот Дупница во Бугарија. Методи Димов е роден во Битола на 11 март 1938 г, бил деец на Македонските патриотски организации во Европа, голем македонски Бугарин, македонски патриот и соработник на последниот водач на историското ВМРО, легендарниот Иван Михајлов. Животниот пат на Методи Димов завршува на 4 април 2004 г. во Дупница, Бугарија.

Индикативен е примерот со Методи Димов-Габерот. Роден во Битола, суден заради “антидржавна дејност против ФНРЈ“, политички емигрант низ Европа и човек близок со Ванчо Михајлов. Еден од основачите на друштвото “Тодор Александров“ во Брисел. Напријател на “нашиот’ социјализам и на југомакедонизмот како национална идеологија. Човек со сериозно оштетен вид, речи си тотално слеп. Прононсиран бугарин. Некаде пред 1998 година, значи по распадот на Југославија и системот, доаѓа во родната Битола, на средба со роднините. Тогашната Служба за државна безбедност, раководена од Добри Величковски го апси во Битола, го носат на непозната локација (тој е слеп, не може да види) и десетина гласа, припадници на службата го сослушуваат речиси едно деноноќие. Прашањата се насочени не само кон неговото “бугарофилство“, ами најмногу кон ликот и делото на Ванчо Михајлов и неговото опкружение, и најмногу, кон неговата “антијугословенска и антититовска“ дејност. Тој ја дава неговата позната изјава “нека двама братя да живеят в различни къщи, но да се обичат и уважават“, ама тоа нема ефект. Низ неговот досие се замешани прстите на КОС и македонските структури, кои се уште се зависни од југословенските позиции по однос на македонското прашање.
Владимир Перев, Патот на досијеата (2), Трибуна 14.08.2022
Повеќе за Методи Димов-Габеро можете да прочитате на следниот линк.

