(Фото) Михаjлов: „Едно неопходно појаснување (Која е националноста на Владо Черноземски)“
„Не треба да истакнуваме дека и за време на турскиот режим и за време на борбата против Србија (1912-1915), како и меѓу двете светски војни, во Македонија, против ропството не се бореле некакви Македонци по националност, туку само Бугари. Кога „Југославија“ се распадна за време на Втората голема војна, овие Бугари се чувствуваа ослободени од дваесет и тригодишното ропство, затоа и не станаа партизани. Не познавам ниту еден наш селанец или граѓанин, ниту некој наш легален борец или илегален – кој се сметал себеси за нешто друго освен Бугарин, без разлика што географското име Македонец не му било туѓо, но ова географско име било исто за локалниот Турчин, Грк, Албанец или Романец во Македонија.
Значи, заради појаснување за луѓето од помладата хрватска генерација, морам да истакнам дека Черноземски останува симбол на трајното пријателство и маченичко пожртвувано пожртвувано меѓу хрватскиот народ и Бугарија; но во никој случај симбол на ниту една македонска националност, која Черноземски никаде во Македонија ја немаше сретнато, иако и тој долго време беше четник таму.
Го запознав во 1922 година. По падот на Македонија повторно под српско-грчко ропство (т.е. по 1919 година), одреден број млади луѓе пребегаа во Бугарија, или едноставно се приклучија на револуционерната организација (ВМРО). Речиси сите бea синови на сиромашни семејства, работници или трговци во градовите; и селаните кои ги напуштија домовите и имотите за да се фатат за пушката…
Во оваа средина беше и Владо Черноземски. Тој немаше големо образование, но беше буден и разумен; најчесто тивок, сонувач, интегрален идеалист. Неговите три истакнати квалитети беа – одлучност, волја и скромност – тие можеа брзо да се откријат; но тој никако не ги манифестираше, туку тие беа видливи по неговите кратки зборови и смирени манири.
Десет години подоцна стана доброволец кај хрватските борци…“.

Прочитајте го целиот напис на Иван Михајлов објавен во „Македонска трибуна“ 3 јуни 1971 г. бр. 2287
Извор: Библиотека Струмски
