| |

Ковачев: Никогаш да не ги заборавиме злосторствата од минатото

Денеска, 23 август, го славиме Европскиот ден на комеморација на жртвите на тоталитарните режими – комунизмот и националсоцијализмот. Овој ден не потсетува на милионите невини животи изгубени и уништени од идеологиите кои донесоа страдања, поделби и смрт на народите во Европа. Ова на својот Facebook профил го напиша бугарскиот европратеник од редовите на Европската народна партија Андреј Ковачев.

„Никогаш да не ги заборавиме злосторствата од минатото и да се стремиме кон свет каде слободата, достоинството и човековите права се на прво место. Сеќавањето на жртвите е наша морална должност, а предавањето објективна историја е наша одговорност за идните генерации“, пишува Ковачев во својата објава.

Слични Објави