(Фото) Огромен пожар над Велес близу куќи, гори и во скопско, спасувачка мисија во Охрид
Во овој момент има два големи пожари, над с. Отовица Велешко и помеѓу Бучинци, Миладиновци и Групино, скопско.
фото: Дарко Димитриевски
Во моментов интервенираат секаде службите.
фото: Дарко Димитриевски
Според информациите на жителите на населбата, спречиле огнот да се шири кон нив и сега горела шумата над блиската височина.
Центарот за управување со кризи организира и спасувачка мисија на Галичица.
“Во исто време организираме спасувачка мисија на Галичица каде холандски параглајдерист паднa и најверојатно има скршен рбет”, вели Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

