(ФОТО) ПЕТАР КОЛЕВ ЈА ПОКАЖА КАТАСТРОФАЛНАТА СОСТОЈБА НА ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ НА БОЛНИЦАТА ВО ШТИП

„Жалната слика на штипскиот Клинички центар!
Нема потреба од коментар, сликите доволно зборуваат во каква состојба е инфективното одделение во штипската Клиничка болница.

Ако не дај Боже сте пациент таму, спремете си печка за топлење, ќебе и чаршафи од дома. Трагедијата на македонското „криминално” општество во кое се купуваат хеликоптери, се гради барок, споменици и канделабри, а болниците… Тие не се важни.

Господа од ДПМНЕ и СДСМ вие сте проблемот во ова општество, со вакви работи компромис нема“, напиша на својот facebook профил, претседателот на ГДУ, Петар Колев.