|

(Фото/Видео) На Бугарскиот воен меморијал во струмичкото Ново Село беше одбележан 6 мај-Денот на храброста и празник на бугарската армија

Денот на храброста и празник на бугарската армија – 6 мај, беше одбележан и на „Бугарскиот воен меморијал“ во Ново Село, Струмица. Военото гробиште, каде што се положени посмртните останки на 71 бугарски војници, е едно од 471 бугарски воени гробишта на територијата на денешна Северна Македонија. Во нив се погребани загинати бугарски офицери и војници во Балканската, Меѓусојузничката, како и во Првата светска војна. Тие потекнуваат од сите области на денешна Бугарија и од териториите одземени со Нојскиот договор. Стотици граѓани им оддадоа почит на паднатите бугарски воини.

Заупокојна молитва во чест на хероите беше отслужена од Неговото Високопреосвештенство Струмичкиот митрополит Наум во сослужение со претставникот на БПЦ свештеноиконом Павел Милушев, архиерејски намесник во градот Петрич.

На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Желјазко Радуков, градоначалникот на Петрич, Димитар Брчков, пратеничката во бугарскиот парламент Елисавета Белобрадова, претставници на бугарското министерство за одбрана и припадници на бугарската Национална гарда. Почит на загинатите им оддадоа и воените аташеа на Хрватска, Италија, Романија, Турција, Кина и Украина во РСМ и претставници на бугарската заедница во земјата.



Слични Објави