Франција ги осуди нападите врз трговски бродови во Црното Море и изрази солидарност со Бугарија
Француската амбасадорка во Бугарија ги осуди нападите врз трговски бродови во Црното Море и ја потврди целосната солидарност на Франција со Бугарија на средба со Емилија Кралева, директорка на Генералната дирекција „Политички прашања“ во бугарското Министерство за надворешни работи, соопшти француската амбасада во Софија.
Средбата се одржала утринава и била посветена на актуелните геополитички предизвици.
Во објавата на Амбасадата на Фејсбук, нападите врз трговски бродови во Црното Море се оценети како „неприфатливи“ и како „грубо кршење на меѓународното право“.
Амбасадорката нагласила и дека „руската агресивна војна против Украина претставува закана за безбедноста на ЕУ и на НАТО“ и ја потврдила „целосната солидарност на Франција со Бугарија“.
