ФРАНЦИЈА НЕ ПОПУШТА: ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И РЕФОРМИ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

Франција никако да попушти. Амели де Моншалин, државен секретар во француското Министерство за Европа и надворешни работи, во разговорот со министерот за надворешни работи Никола Димитров ја повтори француската позиција за приближување на земјите од Западен Балкан со Европската унија и особено ја истакна потребата за целосно почитување на владеењето на правото, што е во срцето на европските вредности и продолжувањето на реформите, јавува Независен.