|

Францускиот министер за одбрана: На Русите не им оди во војната, па се закануваат на нашите авиони

Францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну денеска изјави дека Русија директно се заканила на француски авион над Црното Море, пренесува Политико.

„Пред еден месец рускиот систем за контрола на летот се закани дека ќе го собори францускиот авион кој леташе над Црното Море, иако патролиравме во меѓународната слободна зона“, рече тој за француското радио РТЛ.

Лекорну тврди дека сè поагресивниот став на Русија е резултат на проблемите на бојното поле во Украина. „Тоа има свои корени од Студената војна и сега гледаме враќање на агресивниот став на Русија“, рече тој, додавајќи дека Русија „игра со границите“.

Руски воен брод неодамна се закотви во Баи де Сена на северот на Франција на самиот раб на територијалните води со цел да ја „заплаши“ Франција, коментира Лекорну.

Францускиот министер денеска за прв пат ќе ја посети Ерменија. Ерменија го прекинува својот историски однос со Русија, кој Франција сака да го искористи за да го зголеми своето влијание со поранешните сојузници на Русија, меѓу кои се Молдавија и земјите од Централна Азија.

Слични Објави