ФРОСИНА РЕМЕНСКИ ПОТВРДИ ДЕКА НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА ФИНАНСИИ ИМА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД МВР?!
Дали несакајќи, од невнимание или свесно Ременски потврдата дека Ангеловска сторила кривично дело ја дава во фејсбук статус во кој не вели дека информацијата е неточна туку дека објавениот документ е од автентична база во МВР а до него е дојдено на погрешен начин.
„Оваа вест бара итна внатрешна истрага и реакција од МВР и тоа ВЕДНАШ !
Не заради тоа што се работи за кандидаткатата за министер за финансии, туку заради неопходната потреба да се заштити злоупотребата на службените евиденции на МВР за „сензационализам” со кој треба однапред да се фрли дамка на личност што треба да извршува важна државна функција.
Лесно проверливо е кој, од каде и во кој временски период влегол во базата за криминалистичка евиденција на МВР за да обезбеди „ексклузива” за сторен сообраќаен деликт.
Форматот во која е објавена веста потврдува за автентичноста на базата со која располага МВР.
Очекувам внатрешната контрола и МВР да си постапат по стандардните оперативни процедури и да откријат кој бара сензационализам со оддавање на класифицирани информации”, пишува Ременски барајќи итна истрага за начинот на кој Лидер.мк дошол до информацијата за деликтот на Ангеловска.