Г. АРБЕР ШТО НАПРАВИВТЕ СО ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА УЧЕБНИЦИТЕ КОИ ИМААТ ГРЕШКИ?
Иако на само десетина дена пред почетокот на новата учебна година министерот за образование и наука, Арбер Адеми, сѐ уште не најде за сходно да и објасни на македонската јавност по која програма ќе учат основците во тековната година. Сметам дека Министерството за образование и наука воопшто нема визија да ги промовира вредностите и темелите на квалитетно образование и наука, како клуч за подобрување на квалитетот на животот во целокупното општество.
Ветивте дека за една година, државните комисии составени од универзитетски професори ќе ги евалуираат сите учебници за средно и основно образование и ќе постават јасни правила кои ќе мора да се почитуваат. Па сакам да прашам:
1. Што направивте со повлекувањето на учебниците кои имаат суштински грешки во материјата и кои се несоодветни за возраста на учениците?
2. Што презедовте за ослободувањето на наставните предмети од непотребни и штетни содржини, особено од оние што поттикнуваат агресивност, нетолеранција, омраза и дискриминација?
3. Што направи Министерството за намалување на административната работа на наставниците, кои наместо да се посветат на децата мораат да пополнуваат Е-дневници?
4. До каде се реформите за стимулирање за зајакнување на училиштата со стручни лица од различни профили: педагози, психолози, дефектолози, логопеди, итн.?
Жално е што во град од 100. 000 жители како што е Куманово има само еден логопед! Уште пожално е што децата од битолските и кој знае кои други општински училишта во државаава својата учебна година ќе ја започнат во мрак!Ужасно е кога слушаме колку пари се одвојуваат за референдум и садење цвеќиња пред владата, кои се одвојуваат од џебот на граѓаните. Сѐ уште се држите до правилото „Прост народ, силна држава!“.
Автор: Фросина Китановска

