ДАЛИ СЕ СПРЕМА НОВ ИЗБОРЕН ФАЛСИФИКАТ ВО ЦЕНТАР?
Според јавно објавениот избирачки список од страна на ДИК, станува јасно дека во зградата каде што живее судијката Добрила Кацарска на ул. „50-та дивизија“ живеат дури 14 лица со презиме Шабан. Интересен момент е фактот што, за лицата со тоа презиме нема наведени броеви на становите во кои живеат, за разлика од нив таков податок на наведен за самата Кацарска и нејзините соседи во зградата. Дали во случајот се работи за пропуст на ДИК или за нова епизода од серијата „Гласање во Центар“ останува да видиме.
