Г.ЛУКИЌ: МАКЕДОНИЈА Е ЈУЖНА СРБИЈА

//

„– Има ли ђеде случајности под небом?! – пита унук свог дједа.

– Има синко, ако ти је тако лакше. Али ако ћемо право, случајна није ни трун крај вашке! А како може бити унук крај ђеда?!“

Вчера и официјално Република Северна Македонија стана 30-та земја членка на Северноатлантскиот пакт-НАТО.

Одлуката беше објавена службено на 27 март 2020 година, кога се навршуваат 79 години од државниот удар на група генерали кои ја симнаа кралската Влада Цветковиќ-Мачек, која од своја страна го прифати сојузот на кралска Југославија со силите на Оската.

Историјата го разгледува овој 27 март 1941 г. како втор српски Видовден, момент на судбината заради се што му се случило на српскиот народ и неговата држава, а и по трагичните последици слични на оние од Видовденско-косовската погибија.

Воедно со тоа, пред три дена одбележавме 21 година од почетокот на злосторничката и незаконска агресија на НАТО врз СР Југославија (Србија и Црна Гора).

По 78 дена противправно и нехумано разорување на една независна европска земја, која меѓу другото не нападнала ниту една земја членка на овој воено-безбедносен сојуз, туку едноставно го бранела своето право за неделивост на своето државотворно тло и законитоста на својата власт, на секоја педа од уставноста, ова беше невидено до тогаш силување на една правна и демократска земја од здруженото насилство на 19 земји и нивните воени ресурски, а беше привремено прекинато со потпишувањето на Кумановскиот воен договор на територијата на денешната Република Северна Македонија.

Тоа секако не беше случајно.

СЦГ на 9 јуни 1999 година беше приморана да потпише во Куманово воено-технички договор за повлекување на своите трупи од Косово и Метохија, и тоа точно на 10 километри воздушна линија од кумановското поле и кула на Забрњак, каде во 1912 г. српските кралски трупи ја извојувале големата кумановска поведа по која се ослободени од вековно ропство Стар Рас, Косово, Метохија и Јужна Србија. Постојат црнобели фотографии на српски војници кои играат оро во Куманово и војнички трупи кои маршираат во душановото Скопје.

Ни за момент не треба да заборавиме дека во 2020 г. славиме грандиозен јубилеј, осум векови српска црква, која што токму во Скопје е прогласена за патријаршија на Велигден 1346 г, во дворот на цар Душан.

Покрај тоа оваа година се навршуваат и 100 години од обединувањето на Српската црква од Кајмакчалан до Триглав под круната на Кралството СХС.

Скопје и Јужна Србија (денеска т.н. Северна Македонија)Скопље и Јужна Србија (данас тзв. Сјеверна Македонија) и тогаш како и во вековното траење на средновековната српска држава дел од српската земја, што може да се спореди по своето значење и светост само со Косово и Метохија.

Во Првата светска војна Македонија ќе стане голема костурница на српската војска. Битката кај Кајмакчалан ќе влезне во свеста на нашиот народ како невидено дело на пожертвованост, херојство и родољубие.

Толку многу љубов е искажана за нападите на младите војници на бугарските ровови што малку се земјите во светската историја кои би го оставиле тоа на своите потомци. Отидете на Кајмакчалан и погледнете каде од брегот на морето српскиот војник успеал со цената на многу пролиена крв да стигне до врвот од каде што можел да ја види својата Србија. Според сериозните проценки на српските друштва во Македонија на тлото на Северна Македонија има од 80.000 до 100.000 војнички српски гробови.

Каде се коските на српскиот народ и српските монаси?!

Каде е нашето непроценливо културно, духовно и природно богатство?

Манастирите, црквите, метохиите, гробовите, спомениците, книгите и фреските…



На овој историски ден 27 март кога под повикот на светската слобода на нашите предци, започна целокупната српска драма и голгота, а која трае и до денес, без да и се види крајот, територијата на Северна Македонија (историска Јужна Србија) е прогласена за земја под заштита на злосторниците од глобалните сили на теророт!

Има ли протести во денешна поробена Србија?!

Во украдената и опустошена Република Српска?

Во врзаната и опколена Црна Гора?

Нема, и нема да има долго време, бидејќи 55-годишното комунистичко и 20 годишното капиталистичко ропство ја одзеде Вардарска Србија од српската свест, како наскапо платената државотворна земја, баш како што и азијатскиот злосторник одземал дете од мајка за да го направи јаничар.

Ние нема да молчиме и да стоиме настрана! Помниме и сведочиме!

Вардарска Србија денес е официјално окупирана и не е никаква случајност што ни е одземена на овој историски ден за Србија.

Ништо под ова небо не е случајно и секое нешто има свое име!

Името е знак, затоа што тој што ќе именува, тој те и раѓа.

Стара Србија почива околу Кајмакчалан до Шар планина, а нова Србија од Шара до Свети Андреј.

Ова не е крајот на нашата историја, српскиот народ кој поминал милениумски пат, носејќи го своето име и својот слободен збор, губел и градел држави и царства, тоа најубаво го помни и знае.

Кајмакчалан е порта, а Вардар е тапија од Србија!

Автор: Горан Лукиќ

(Овој напис со оригинален наслов „НАТО на Вардарот“е објавен на порталот www.srbi.org.mk, медиум на Српскиот културен центар Спона на 28 март 2020 г.)



Претходна статија

ОСМАНИ: БУГАРИЈА НЕ ПЛАНИРА ДА ГО БЛОКИРА ПРОЦЕСОТ, ДАДЕ ПОДДРШКА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ

Следна статија

ГЕРО МУ ВРАТИ НА ЉУБЧО: КОЈ ВИ ГО НАМЕТНА ДЕН ДОНЧЕВ В0 2016 ГОДИНА, ГОСПОДИНЕ ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ?

Најново од Истакнато

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи