| |

Габриел: Сакам да бидеме тим, кој покажува резултати и има цели

Во оваа фаза воопшто не би коментиралa. Ова го изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел, одговарајќи на прашање дали по ротацијата ќе му го отстапи Министерството за надворешни работи на премиерот академик Николај Денков, јавува БГНЕС.

„Ништо не е договорено додека не се договори се. Имам европско искуство и можам да го кажам тоа“, изјави Габриел.

По повод споровите кој да раководи со МНР, таа изјави дека Бугарија е демократска парламентарна република. „Секој има право на мислење. Се додека има разговори и секој си го брани своето мислење, тоа не значи дека се безнадежни. Напротив. Има повеќе емоции, ова не е прв пат. Важно е да останеме сериозни во нашите намери Бугарија да го следи патот по кој тргна“, рече шефицата на бугарската дипломатија.

Според неа, доколку работите останат како што е договорено, таа не гледа закана за работата и иднината на Владата. Сакам да видам дека сме тим на Бугарија кој покажува резултати и има цели“, изјави Габриел.

Таа посочи дека дијалогот меѓу неа и премиерот Денков продолжува. Според неа, Бугарија во моментов мора да биде доследна во одбраната на своето место во ЕУ и доследна на политиката насочена кон своите граѓани.

Слични Објави