Габриел: Знаењето е виша сила која отвора врати и која овозможува реализација
Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел, на Фејсбук им го честиташе првиот училишен ден на наставниците, директорите и учениците.
„Среќен прв училишен ден! Повторно е 15 септември. Ден кој секоја година се чека со голема возбуда, бидејќи заедно ги исполнувате училниците со живот, чекорите по патот на знаењето, градите подобра иднина за нашата земја. Знаењето е виша сила која отвора врати, која овозможува реализација во животот, која не гради како достојни луѓе и полноправни граѓани на нашето општество.
Ви посакувам многу здравје и успех во новата учебна година! На добар час!“, напиша шефицата на бугарската дипломатија Марија Габриел на социјалната мрежа Facebook.

