| |

(Галерија) Бугарската амбасада во Скопје раздаде новогодишни пакетчиња на деца и лица со попречености во Кавадарци и Велес

Претставници на бугарската амбасада во Скопје денеска раздадоа новогодишни пакетчиња и играчки на децата и лицата со попречености во три центри во Кавадарци и Велес. Акцијата беше спроведена во соработка со претставници на бугарските здруженија во двата града.

Благородната иницијатива на бугарската амбасада во РС Македонија се финансира од буџетот на Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Утре новогодишни пакетчиња ќе добијат и децата од неколку училишта и центри за лица со попоречености во Скопје.



Слични Објави