| |

(Галерија) Бугарскиот дипломатски кор и претставници на бугарската заедница во РС Македонија се поклонија и поднесоа свежо цвеќе на гробот на Спаска Митрова

Амбасадорот на Бугарија во Република Северна Македонија Ангел Ангелов, генералниот конзул на Бугарија во Битола Николај Димитров, претставници на бугарската амбасада во Скопје, генералниот конзулат на Бугарија во Битола и бугарската заедница во Република Северна Македонија се поклонија и поднесоа свежо цвеќе пред вечното почивалиште на Спаска Митрова на гробиштата во Гевгелија.

Спаска Митрова ќе остане во сеќавањата на Бугарите во РС Македонија, како една горда мајка, која и покрај сите препреки и малтретирања, поради нејзината етничка припадност, до својот последен здив се бореше за среќата на својата ќерка.

Спаска Митрова е родена во 1983 г. во Гевгелија. Таа почина од рак на 28 јуни 2020 г. До нејзиниот последен ден таа беше до нејзината ќерка.

Слични Објави