|

МИЈАЛКОВ ОЗДРАВЕ- СЕ ПОЈАВИ НА РОЧИШТЕТО ЗА ПРЕДМЕТОТ „ТАРГЕТ-ТВРДИНА“

Обвинетиот во случајот за незаконско следење на комуникациите „Таргет-Тврдина” Сашо Мијалков оздравел и денеска се појавил на судското рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје, јавува Плусинфо.

Денеска се изведуваат материјални докази предложени од Обвинителството, а на рочиштето закажано за 13 ноември ќе се продолжи со сослушување на сведоци.

Рочиштето започна со задоцнување од половона час, поради доцнење со спроведувањето на обвинетата Гордана Јанкулоска.
Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристеска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.



Слични Објави