(Галерија) Младинци од Бугарија, Северна Македонија и Србија учествуваа на меѓународен фудбалски турнир за лица со Даунов синдром
Фудбалската репрезентација на Федерацијата за адаптирана физичка активност – Бугарија учествуваше на Меѓународниот фудбалски турнир за деца со попреченост и Даунов синдром што се одржа во Скопје, на кој учествуваа и екипи од Северна Македонија и Србија, јавува БТА.
Настанот во главниот град на Северна Македонија се одржува веќе седма година, изјави за БТА, Борче Боев, генерален секретар на Сојузот на спортски федерации на Република Северна Македонија.
На турнирите во пливање, фудбал и атлетика што секоја година се одржуваат овде во Бугарија, Хрватска и Србија учествуваат деца кои веќе се познаваат и комуницираат меѓу себе“, рече Боев, кој прецизираше дека во средината на ноември екипите ќе учествуваат во натпревари во пливање и фудбал во Софија.
Слав Петков, претседател на Федерацијата за адаптирана физичка активност во Бугарија, истакна дека долгогодишното партнерство меѓу екипите на Бугарија, Северна Македонија, Хрватска и Србија се продлабочува, а унијата, која планираат да ја прошират, ќе вклучи и други балкански земји, како што веќе имаат воспоставено контакти со Турција.
Без разлика како ќе заврши турнирот, вие веќе сте победници, им се обрати министерот за спорт на Северна Македонија, Борко Ристовски, на младите спортисти, посочувајќи дека вклученоста и еднаквите можности за сите се еден од приоритетите на новосоздаденото министерство, кое е воедно е и покровител на турнирот.
Бугарските деца и младинци со ментални потешкотии вчера учествуваа на Меѓународниот пливачки турнир што се одржа во Скопје.
На турнирот денеска беа присутни и дипломати од бугарската амбасада во Северна Македонија.












