Сериозните луѓе на нашата татковината
можеби во овие сериозни времиња , сериозно да ни недостасува уште едно министерство-сериозно!
Пишува: Ѓорѓи Трендафилов
Премиерот Мицковски може да зборува колку што сака за „кичми и ‘рбети,’’ нема ни кичма ни ‘рбет што може да ја издржат тежината на ,,моралниот компас’’ кој го манифестира со своите изјави за јавноста министерката Божиновска. Можеби не може да ја отпушти, но, може да побара да престане да дава изјави. Без оглед на темата.
Владата во Скопје колку и да се ,,крие’’ секојдневно зад соопштенија, не може да го скрие фактот дека станува збор за влада која нема политичка платформа зад која стојат коалиционите партнери. Да, таа има некаква програма, која е идентична на предлог програмата на мандатарот. И толку. На сајтот на Владата во Скопје, ги има и двете.
Периодот на ‘’деловно форматирање,, на ново-старите Џимени не може да оди во недоглед, без оглед на желбите и амбициите, сагата со Писмото заврши уште пред да почне. Слично како и онаа за прескапата железница. Владин кабинет чии членови даваат спротивставени изјави за исто прашање, не е плурализам, разлики во мислењата, неусогласени ставови, тоа е кабинет кој треба да се одважи и да ја емитува прочуената радио порака – Хјустон, имаме проблем!

Овој владин состав треба да разбере дека претставува институција во континуитет(какoв таков) и да ја напушти популистичката реторика и патерналистичкиот однос кон јавноста, достоинството се покажува прво дома со сериозно демонтирање на клиентилистичкиот однос во нашето општество на сите нивоа.Колонијалните манири на лостовите на власта кон сопствените граѓани, политиката на неказнивост резервирана за ‘’нашите,, ја ограничува слободата на сите нас, останатите. Промоцијата на мерки кои може,а и не мора да се случат во 2028 година не се најдобар пример. Кршливоста на општеството нема да се промени со никакви спинови од типот- Нема да и дозволиме на Бугарија да не вовлече во својата предизборна кампања.
Ниту на овие, како впрочем и на претходните парламентарни избори во Бугарија, прашањата околу кои се водат политичките дебати во Бугарија немаат никаква врска со Македонија. Дури, некакво ‘’македонско прашање,, нема ниту во првите десет теми кои доминираат во кампањата. Искрено, мислам и дека таквата егоцентричност е загрижувачка. И за ова тврдење не се потребни посебни социолошки алатки, истражувања,уште помалку адвокати, пресек на новинските наслови е и повеќе од доволен. Но, секој може сам да провери.
Нам, на останатите, во меѓувреме ни останува на погодуваме уште кој ли нема да се појави пред јавноста со уште една ‘’тажна приказна,, како клетите Бугари му извадиле државјанство или му отвориле фирма’’. Иако не се смееме сите, се надевам дека овој локален фолклор позитивно ќе влијае на претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и ќе добиеме симпатии во рамките на нејзината посета. Нашиот министер за надворешни некако како да ја изгуби насмевката во Брисел!? Или има лош адвокат?

