| | |

(Галерија) Успешно завршен проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран по програмата Еразмус+

Академијата за иновативно образование „Здравеј“ (Скопје), Културното здружение „Асен и Илија Пејкови“ (Рим, Италија) и Здружението „Младинска организација за граѓанска активност“ (Смолјан, Бугарија) го реализираа успешно проектот „Комуникациски вештини за иднината“, во кој земаа учество над  30 учесници од три земји, кои беа дел од иновативни обуки, семинари и практични активности, насочени кон развивање на комуникација и лидерство.

Проектот, финансиран од Еразмус+ (2023-2-IT02-KA210-SCH-000183852), комбинираше теорија и практика врз основа на моделот на учење на Колб, јавуваат организаторите.

Во август 2024, во Бугарија беше изработен прирачник со интерактивни игри за поефективно учење, а во октомври-ноември 2024, во Скопје се одржа дополнителен тренинг. Учесниците ги тестираа своите методи во две скопски училишта – ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Вера Јоциќ“, каде што имплементираа едукативни игри и ги анализираа резултатите.

Крајниот производ на проектот е прирачникот „Комуникациски вештини за иднината“, кој нуди практични методи за идентификување и поддршка на ученици со специјални образовни потреби. Овој водич беше презентиран на промотивни настани во Скопје, Рим и Смолјан, а сега е достапен во електронска форма на веб-страницата на Академијата „Здравеј“.

Во март 2025, беа одржани обуки за менаџмент на проекти, со што официјално се затворија активностите. Овој проект не само што ги подобри вештините на учесниците, туку и придонесе за создавање инклузивно и комуникативно општество.

„Заедно докажавме дека иднината започнува со јасна и ефективна комуникација“, велат организаторите, искажувајќи ја својата благодарност кон сите сите партнери и учесници во проектот.



Слични Објави