(Видео) Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени во рускиот напад на зградата на регионалната влада во Миколаев

//

Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени денеска кога ракета ја погоди зградата на регионалната администрација во јужниот пристанишен град Миколаев во Украина, соопштија украинските служби за итни случаи.

Според нив, спасувачите извлекле 18 повредени од урнатините и продолжуваат да работат на лице место, пренесува Ројтерс.

– Руска ракета денеска ја погоди зградата на регионалната управа во јужниот украински пристанишен град Николаев, при што под урнатините заробени се 11 лица – изјави локалниот гувернер Виталиј Ким.

Ројтерс објави фотографија на која се гледа голема дупка на едната страна од зградата, додека очевидци на настанот велат дека виделе возила на брза помош и противпожарни возила како се упатуваат на местото на настанот.

What is left of #Mykolaiv oblast administration after it was hit by RU missile. Gov. Vitaly Kim, obviously the target, wasn’t in the building.
RU can’t win face-to-face – so, they just press the launch buttons of the missiles they have – and UA doesn’t.#StandWithUkraine pic.twitter.com/VPB9Jj4KsV



— olexander scherba (@olex_scherba) March 29, 2022

– Уништија половина зграда. Повеќето луѓе за чудо избегале. Осум цивили сега се под урнатините и се надеваме дека ќе бидат извлечени – рече Ким, додавајќи дека се заробени и тројца воени лица.

На Твитер беше објавено и видео на кое се гледа како проектил паѓа врз зграда во Миколаев, по што се крева густ чад.

Извор: Temite

Претходна статија

Британското Министерство за одбрана: Русија продолжува да претставува значајна закана за Киев

Следна статија

Петровска: Безбедноста е стабилна, имаме капацитети да ја гарантираме сопствената безбедност

Најново од Вести