(Галерија/Видео) Во гратчето Медисон во САД по четврти пат се одржа Годишен бугарски фестивал
Во гратчето Медисон во сојузната држава Илиноис се одржа за четврти пат годишниот бугарски фестивал. За тоа информира преку објава на социјалната мрежа Facebook генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков.
„Главен организатор беше Бугарската православна црква Holy Trinity Bulgarian Church, а во организацијата на настанот учествуваа десетици доброволци од бугарската заедница во Медисон, Гранит Сити и Сент Луис, Мисури“, пишува Станков.
„Црквата „Св. Троица“ во Медисон е изградена во 1910 г. од македонски Бугари и денес е најстарата активна бугарска православна црква во Америка. Благодарение на самопожртвуваната активност на отец Иван и заложбите на локалната заедница, црквата е зачувана до ден-денес, со мисла за идните генерации.

Бугарската заедница во Гранит Сити, Медисон и Сент Луис е уникатна затоа што вклучува и нови емигранти и потомци на македонските Бугари кои дошле во првата половина на 20 век. На иницијатива на отец Иван, во црквата беа презентирани факти од славната историја на Бугарија, дел од кампањата #BulgarianPride. Навистина сум среќен што видов толку многу луѓе горди на својот идентитет и бугарски корени, стои во објавата на генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков.


























