| |

(Галерија) Во селото Дерманци во Бугарија се одржа собир поклонение по повод 155-тата годишнина од раѓањето на Христо Чернопеев

Во село Дерманци Р. Бугарија, родното место на големиот револуционер и припадник на ВМОРО Христо Чернопеев, се одржа собир поклонение по повод 155 години од неговото раѓање.

Беше одржан водосвет и беа положени венци и свежо цвеќе пред бистата на војводата.

Присутни на настанот беа градоначалникот на општина Луковит Иван Грнчаров, неговиот заменик Георги Георгиев, кметицата на село Дерманци Галина Спасова, секретарот на ВМРО Јулијан Ангелов, претставници на други политички партии, општественици и локални жители.

Организатори на настанот се кметицата на село Дерманци Галина Спасова, читалиштето ,, Христо Ботев 1895″, ОБУ „Неофит Рилски“ и пензионерскиот клуб ,, Христо Чернопеев”.

Фото: Цвети Попова

Слични Објави