(Галерија) Во Скопје беше одбележан 24 мај- денот на Светите браќа Кирил и Методиј и на бугарската писменост и култура
Во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје вчера попладне се одржа прослава по повод 24 мај- Денот на Светите браќа Кирил и Методиј и на бугарската азбука, писменост и култура.
Децата од саботно-неделното училиште „Здравеј“ има подготвена кратка програма со песни, стихови и кратки биографски податоци за Светите браќа Кирил и Методиј. Свои обраќања имаа директорката на БКИЦ-Скопје Антонија Велева и амбасадорот на Република Бугарија во Скопје Ангел Ангелов.
Гости на прославата освен претставниците на амбасадата на Бугарија во РСМ, беа и локални македонски Бугари и други пријатели на Бугарија.