ГАЗДА НЕФИ ОСТАНУВА БЕЗ ТЕНДЕРИ
„Охридски комуналец“, јавното претпријатие на општина Охрид, ги раскина трите договори со контроверзниот советник од ДУИ, Нефи Усеини, на барање на Државната комисија за спречување корупција, јавува Цивилмедија.
На денешната седница на УО на претпријатието е донесена одлука да бидат раскинати договорите со компанијата НИФИ ИК поради судир на интереси, а станува збор за набавка на градежни материјали, за одржување на депонијата Буково и користење на возило со кран дигалка за сечење на опасни дрва.
