| |

ГДУ ДЕЛ ОД ДВОДНЕВНИОТ WESTERN BALKANS SUMMIT ОРГАНИЗИРАН ОД ФОНДАЦИЈАТА НА МАРГАРЕТ ТАЧЕР NEW DIRECTION

Делегација на ГДУ предводена од претседателот на партијата, Петар Колев, во состав : Александар Попоски- потпретседател на партијата, Александар Тодоровски- член на Управувачкиот комитет, Дарко Попоски- портпарол и Димитар Попандонов- член на Националниот комитет, е дел од дводневниот самит Western Balkans Summit, којшто се одржува од од 6-ти до 8-ми декември во Националниот дворец на културата во Софија, Р. Бугарија, а е организиран од фондацијата на Маргарет Тачер „New direction“.

Главна тема на самитoт се новите видици и насоки пред земјите од Западен Балкан.

Свои обраќања на настанот ќе имаат Ангел Џамбаски- европратеник и потпретседател на фондацијата New Direction, Марија Габриел- европски комесар за истржување, иновации, образование, култура и младина, Нено Димов- министер за животна средина и води на Р. Бугарија.

Според денешната агенда дискусијата ќе биде разделена на 4 основни панели, а имено „Регионална соработка и безбедност во земјите од Западен Балкан“, „Зајакнување на транс-атланскиот ангажман во земјите од Западен Балкан“, „Искористување на социјалните пукнатини во земјите од Западен Балкан“ и „Иднината на Западен Балкан – тркалезна маса за млади политички лидери“.



Слични Објави