ГДУ ЈА УСВОИ ПРОГРАМАТА НА КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ОХРИД МИХАИЛ ТРЕНДАФИЛОВ-НАНЧЕ

Вести Истакнато Македонија

Управувачкиот Комитет на ГДУ на денешната редовна седница ги формулираше своите активности врзани со претстојните претседателски и предвремените локални избори во општина Охрид.
По однос на претседателските избори, УК на ГДУ го донесе следниот заклучок :

Претседателските избори не може да се изземат од општата политичка клима во земјава. Таа е и повеќе од обременета од суров и вулгарен опортунизам за кого нема никакви закони , прописи или елементарни морални норми . Професионалниот и индивидуалниот интегритет на претседателските кандидати ниту од далеку нема да биде доволен да се спротистави на деловните интереси кои се единствениот мотив во т.н коалиции за поддршка на едниот или другиот кандидат.

Затоа УК на ГДУ се воздржува од јавен повик до своите членови и привразаници со кој би им сугерирале кому да ја дадат својата доверба ,се разбира доколку воопшто решат да излезат и да го остварат своето граѓанско право. Во однос на изборите за градоначалник на Охрид, УК на ГДУ jа усвои изборната програма на кандидатот за градоначалник на општина Охрид Михаил Трендафилов –Нанче, и го утврди роковникот за нејзината презентација пред охриѓани, се вели во соопштението на партијата Граѓанско Демократска Унија.