| |

ГДУ КУМАНОВО- ПРОНАЈДЕНИ ВРЕЌИ СО УБИЕНИ КУЧИЊА 

Во касарната во населбата Карпош биле пронајдени вреќи со убиени кучиња и искористена медицинска опрема. Кучињата биле насилно убиени, но од стручни лица, најверојатно ветеринари. Еден случај плус за постапување на нашата полиција.

Што може да се помисли за луѓе кои така сурово и нечовечки постапуваат со животните? Зарем тие животни што секојдневно се меѓу нас некому толку згрешиле, па да бидат убивани на овој начин?
Можеби кај нас во пораст е проблемот со уличните кучиња, но тоа не е изговор вака да се постапува со нив. Сепак и тие се живи души и заслужуваат разумно и човечко однесување кон нив. Меѓутоа како да го бараме тоа за нив, кога веќе е изгубено човечкото во нас, самите?

Зарем превенцијата и задолжителната кастрација нема да го решат проблемот? Или пак љубовта кон животните и домашните миленичиња не е сепак најдобар лек за истите тие животни воопшто да не бидат напуштени од своите сопственици?
Треба да сносиме општествена одговорност за сето она што на животните им се случува кај нас. Лицата сторители на овој грозоморен чин ќе одговараат лично кривично за мачење животни. Ако се ветеринари, може да им се одземе лиценцата за работа. Но каде сме ние тука?

Зарем само ќе си молчиме за ова што им се случува на животните? Граѓанско Демократска Унија прашањето го поставува на сите нас, затоа што сите сме одговорни за она што се случува. Не можеме да се оградиме само со фактот дека не сме знаеле за ова. Сите заедно мораме да бараме одговорност за ова дело, да не се повтори. Но и да бараме надлежните да започнат со работа на превенција од вакви дејствија во иднина, затоа што тоа е најдобрата одбрана.

Не може секогаш репресивно да се реагира. Вградувањето во културата, самосвеста е далеку поефикасен начин на заштита. Па луѓе, да се менуваме!!! Не само за животните. Ами поради нас самите. Да не го трансформираме она Homo homini lupus est во Homo homini homo est, како полоша варијанта, се вели во соопштението од локалниот клуб во Куманово на Граѓанско Демократската Унија

Слични Објави