| |

М. ТРЕНДАФИЛОВ: ЛИДЕРИТЕ НА СТАРИТЕ ПАРТИИ ВЛАДЕАТ АВТОРИТАРНО И НЕ ГИ ШТИТАТ ИНТЕРЕСИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Работниците, занаетчиите, сиромашните, крупниот капитал немаат НИЕДНА партија која да ги застапува нивните интереси. Нашиве политички партии се друштва од едно лице, лидерократско-авторитарно владеење.

Тоа е како фирма каде шефот на партијата е всушност директор со неограничена моќ кој ги придобива луѓето со страв преку поткупи, корумпирања и сл. Најголем број луѓе од врвот на политичката пирамида всушност се огрешени од криминал и корупција. Затоа тие се држат заедно , зошто ако еден од нив падне сигурно ќе почнат да паѓаат и другите. Тие сите се чуваат едни со други. За тоа да се промени, да добиеме некои нови луѓе, некоја нова понуда, мора да се случи нешто пред се во нас. Ние сме купувачите, ние влегуваме во супермаркетот и го бараме најдобриот производ, не најлошо а најскапо, туку квалитетно а најевтино.

Е така треба да се однесуваме и на политичката сцена на избори. Зошто прифаќаме да ни продаваат пакување во кое нема производ? Ние треба да созрееме, ние треба по законот на пазарот да ја диктираме понудата и побарувачката. На наше барање да добиеме понуда за нас прифатлива. Да престанеме да купуваме лоши производи и згора на тоа рециклирани.

По просто од ова не знам. Ако не ви беа доволни 30 години, за да ја разберете оваа гола вистина, вистина на продавање магла, вистина во која ви зборуваат она што сакате да го слушнете- зависно дали се во позиција или опозиција- НА ЗДРАВЈЕ. А вие како што напишал Рацин: „За себе само ‘ргај си, за себе маки тргај си“- вели кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од редовите на ГДУ, Михаил Трендафилов-Нанче.



Слични Објави