| |

ГДУ: НЕОПХОДНО Е ДА СЕ ФОРМИРА СЕКТОР ЗА ПОПУЛАЦИОНА ПОЛИТИКА

„Живот за сите”, „Преродба во 100 чекори”,„Реформите ќе победат”, „За твојата иднина”, „Заедно напред”… и уште многу слогани кои само служеа за мобилизирање на гласачите, а не донесоа ништо подобро. На избори заедно со граѓаните, а на власт сами. И после се, не се изненадување бројките кои покажуваат негативен природен прираст за повеќе од 10 проценти во споредба со лани. Но се крајно разочарувачки и предупредувачки дека треба нешто да се преземе.

Според бројките од Државниот завод за статистика, се помалку млади се решаваат да склучат брак и да формираат семејство. Бројката на умрени, е поголема од бројката на новородени. Граѓаните во оваа држава немаат никаква сигурност, ниту финансиска, ниту правна. Младите иднината не ја гледаат во својата земја, туку бараат начин да заминат и да се спасат. Овие факти и бројки во никој случај не смее да се игнорираат. Алармот е вклучен. Ова мора да се сопре. Наместо личното и партиското богатење, мора во преден план да се стават интересите на граѓаните, оние кои го даваат суверентитетот.

Бројките се поразувачки, а мерките кои се преземаа изминативе години не дадоа никакви резултати. Се докажа дека и тие се само чист популизам и обид пред избори да се привлечат повеќе гласачи. Потребна е длабинска анализа, а не дневнополитичка. Неопходно е да се формира сектор за популациона политика, по примерите од европските земји. Итно се потребни нови мерки и активности за подобрување на демографската состојба.

Во Владата потребен е експерт кој ќе работи на оваа проблематика. Но и секој министер треба да се посвети на ова прашање. Во Србија дури и претседателот на државата е претседател на формираното тело за популација. Но пред се, за да се сменат работите на граѓаните им е потребна сигурност и стабилност. Правна држава, економски стабилна, се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

Слични Објави