ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ ИТНИ МЕРКИ ДА СЕ СПРЕЧИ ХАОСОТ ВО ГРАДОТ

//

Прво би сакал да му се обратам на „таткото“ на градот и да поставам едно прашање, кое и те како ги засега охриѓани.

Почитуван градоначалниче, сведоци сме на вашите празни ветувања со кои ја добивте посакуваната фотелја, но едно не загрижува, бидејќи очигледно само за панаѓур, вечери, прослави и пикници се интересирате. Впрочем во изминатиов период и само тоа го правите. За минарето во ред, за дивоградбите во ред, но за безбедноста на нашите деца и на сите граѓани е тоа нема да помине туку- така. Како и години наназад така и сега, охриѓани, имаат огромен проблем со кучињата скитници, но во изминатиов период целата ситуацијата ескалира и е надвор од секаква контрола. Всушност имаме лица нападнати и повредени секој ден и станува се поопасно. Тука можеме да набројуваме до бескрај како мали деца се искасани, човек нападнат и совладан од точак, лица кои ги шетаат своите миленичиња итн. Но тоа не е сé, тука наидуваме на попречување за нормално движење низ градот како и загрозеност од секој можен аспект. Станува невозможно дури и децата да си играат во своите дворови. Тука мора да се напомене дека во чаршијата секој човек се движи со страв, бидејќи има кучиња на секој чекор. Како и шеталиштата, кејот, парковите и многу други места.

Во целата ситуација се појавува и директорот на Комуналец кој со цела доблест кажа дека чекале одобрение 1 година за реализација на зацртаниот план и конечно отварање на фамозниот стационар. Премногу е алармантна целата ситуација, но одговорните од општината сé уште го чекаат тоа фамозно одобрение, па кај и да е до крајот на мандатот ке стигне.

Ве замолуваме во име на сите граѓани и од името на ГДУ да се преземат итни мерки и да се спречи овој хаос низ градот.
Пред да завршам повторно ќе му се обратам на градоначалникот да ги засука ракавите и да се посвети на охриѓани наместо на партиските војници, време е да се одмори од вечери, пикници и коктели и да преземе нешто и за што е избран. Впрочем и ќе ги подобреше условите за туризмот… Бога ми и на добар пат е.



Автор: Даниел Јорданоски, ГДУ-Охрид



Претходна статија

ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ПОМЕЃУ СОВЕТНИЦИТЕ НЕФИ УСЕИНИ И ЏЕМАЛ МЕНА

Следна статија

ШАРЕН ПАРЛАМЕНТ-СРЕЌНИ ГРАЃАНИ

Најново од Ваш став

Кандилце за душата

Пишува: Румен Леонидов В началото не бе Словото. В началото начело беше Светлината, която възсия чрез