| |

ГДУ ПРЕДЛАГА ШТИПСКИ ХУМАНИТАРЕН БОЖИЌ

Штипски хуманитарен Божик, предлага Граѓанско демократската унија. Идејата е резултата на сторијата на ТВ Стар за и брзата и голема реакција на народот водени од иста желба – да помогнат на ова семејство.

Штипски хуманитарен Божик, предлага Граѓанско демократската унија. Идејата е резултата на сторијата на ТВ Стар за и брзата и голема реакција на народот водени од иста желба – да помогнат на ова семејство.

Намерата на ГДУ е од Свети Никола до Божиќ да се собира хуманитарна помош:

„За оваа иницијатива предлагам Да бидат поканети сите локални и национални медиуми, кои ќе се вклучат со медиумско покривање и промотивни материјали за иницијативата; Да биде создадена SOS линија на којашто граѓаните и сите заинтересирани ќе можат да донираат; Да бидат поставени пунктови каде што ќе може да се донира; Да биде поканета штипската бизнис -елита да се вклучи во оваа иницијатива; Да бидат поканети популарни личности, актери, пејачи, спортисти и други наши сограѓани кои ќе бидат промотори на иницијативата; Во оваа иницијатива да ги вклучиме сите настани кои што се организирани од општината, предновогодишни и Божиќни; Да бидат организирани добротворни концерти во кои ќе можат да се вклучат ученици од основните и средните училиша од градот, особено учениците од средното музичко училиште“ , изјави на прес Петар Колев, прет. на ГДУ.

Средствата од иницијативата ќе бидат искористени за добротворни цели:

„ Средствата од иницијативата во којашто сум убеден дека ќе се вклучат многу наши сограѓани да бидат искористени за добротворни цели: помош на социјално- загрозени семејства; донации во училиштата; донации во болницата; за операција на некој наш сограѓанин кој е во тешка здравствена состојба итн. Ајде сите без разлика на нашата општествена и политичка припадност, да се обединиме околу еден од најсветлите христијански празници имено Рожденство Христово и Новогодишните празници, со јасна цел да бидеме малку повеќе луѓе“, кажа Колев.

За акцијата да биде ослободена од товарот на политиката и политичарите, ГДУ предлага покровител на активностите да биде институцијата градоначалник, независно од тоа кој во дадениот момент е нејзин вршител и од која политичка опција доаѓа.

Идеја, во писмена форма ќе биде испратена до градоначалникот Бочварски, а од ГДУ ќе бараат и лична средба со него, за да лично истата ја аргументираат и образложат.

Од ГДУ се оптимисти дека Хуманитарниот божиќ наредната година ќе почне од Штип, а ќе биде прифатен и во останатите градови од регионот.



Слични Објави