| |

Денков: Австрија се согласи за влез на Бугарија во Шенген по морски и воздушен пат

Постигнавме договор со Австрија за влез на Бугарија и Романија во Шенген по морски и воздушен пат. Ова го изјави премиерот академик Николај Денков, јавува БГНЕС.

„По долги и комплицирани преговори, постигнавме начелен договор со Австрија за влез на Бугарија и Романија во Шенген зоната. На почетокот за воздушните и поморските граници. Австрија се обврза да ги продолжи преговорите за копнените граници“, рече премиерот на последниот состанок на бугарската Влада за оваа година.

Академик Денков посочи дека овие преговори ќе бидат комбинирани со суштинска поддршка од Европската комисија за заштита на надворешните граници на ЕУ со Турција и Србија со цел да се намали приливот на илегални мигранти во Европа.

„После 12 години без голем напредок на темата Шенген, денес можеме да си честитаме за овој неоспорен успех на бугарската држава“, додаде бугарскиот премиер.

Слични Објави